На јубилејното 20-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2025“, синоќа се одиграа четири натпревари. Фаворитите беа сигурни и забележаа значајни победи со кои се приближија до пласман во елиминициската фаза.
Резултати 22.07.2025
АСП ПАК – АД Галеб 5:1
Топлина – Македонија 2:1
Кибо Пласт – Гостилница Кај Мече 0:1
Стоматолошки центар Др. Баткоски – Бурекџилница Гока 9:4
На турнирот „Велгошти 2025“ денеска е слободен ден, а натпреварите продолжуваат во четврток со четири средби од групната фаза.
Распоред на натпревари 24.07.2025, четврток
20:00ч Екстра Скопско – Типлери
21:00ч Кафе бар 9 – Фурна Настоски и Форт кафе
22:00ч Инекс Олгица Хотел и Спа – Ферседо Охрид
23:00ч Чардак Велгошти – Фк Куршум Лакочереј
Г.М.