Турнир во Русија во дисциплината бразилско џиу џицу за јуниори имаше неславен крај, откако долу на теренот изби масовна тепачка во која учествувале натпреварувачите и тренерите. Тензијата почнала помеѓу двајца натпреварувачи, а ескалирала кога се вмешале тренерите.

Видеото веднаш се рашири на социјалните мрежи, а руската полиција најави детална истрага за пронаoѓање на виновниците за немилите сцени.

OhridNews