Три натпревари се одиграа денеска на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Во попладневниот термин Партизан убедливо го совлада Киндил со 34:21, а Тимо Требње беше поуспешен од Динамо Панчево со 30:28.

Во вечерниот термин се одигра големото македонско дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Во натпревар во кој двата тима настапија без повеќе стандардни играчи славеа битолчани со 28:23. Со овој пораз Вардар речиси целосно ги загуби шансите за пласман во финалето што значи дека турнирот во Охрид ќе има нов победник.

По две кола во групата А Охрид има максимален учинок, 4 бода по два натпревари, и со победа над Нексе во последното коло, утре вечер од 21 часот, „гладијаторите ќе обезбедат пласман во големото финале“. Во Б групата Е. Пелистер е во најдобра позиција со 3 бода, колку што има и Тримо Требње. Пелистерци утре во терминот од 16:30 играат со Динамо Панчево, а од 18:45 се среќаваат Тримо Требње и Вардар. Вечерниот термин од 21 часот е резервиран за натпреварот помеѓу Охрид и Нексе.

Г.М.