Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид викендов кој доаѓа ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ турнир „Љубљана Опен 2017″ во Словенија кој е еден од најквалитетните турнири во пролетната сезона.
На турнирот кој ќе се одржи по 15-ти пат охридските теквондисти под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион ќе ги одмерат силите во три дисциплини борби и форми поединечно и екипно борби, каде ќе учествуваваме со 3 екипи, девојчиња до 13 години, деца до 13 години и јуниори до 18 години.
Од клубот веруваат дека и на турнирот во Словенија теквондистите ќе дадат максимум и ќе ја збогатат богата колекција одличја за уште некој медал.
OhridNews