Претседателот на Советот Душко Јаковчески и советниците Верица Хајба и Кујтим Усејни денеска имаа средба со турска делегација од областа Кркларели, предводена од заменик – валијата и претседателите на месните самоуправи од таа област.


На средбата беше дискутирано за соработката на Охрид со некои турски градови која веќе е воспоставена, а беа разменати и искуства за развој на туризмот и стопанството, информираат од Локалната самоуправа.

OhridNews