Како што информира министерот за одбрана, Зоран Коњановски, при денешната посета во Охрид, компанија од  Турција е заинтересирана за инвестирање во охридски „ЕМО“.

Позната турска компанија е заинтересирана за вложување во „ЕМО“. Интерес и на Владата е да најде стабилен партнер за „ЕМО“, со цел компанијата да стане стожер на индустријата во Охрид, што ќе обезбеди сигурна иднина и егзистенција за сите вработени, изјави Коњановски.

Министерот рече дека во текот на денот ќе оствари средба со раководството на компанијата, на која ќе разговара за актуелните состојби во фирмата.

–  „ЕМО“ е фирма гигант со голема важност, како за Охрид така и за државата. Како поранешен директор на РЕК Битола, имав одлична соработка со ЕМО, сакам да видам каква е денеска состојбата таму и да дознам од раководството за активностите што се во тек, рече Коњановски.

OhridNews