Во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе настапи турската пијанистка Ѓулсин Онај. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Ѓулсин Онај свири пијано од тригодишна возраст, а првиот рецитал на Турското радио  го има уште на шестгодишна возраст.


Нејзината богата кариера се протега на сите континенти во преку 80 држави од Венецуела до Јапонија. Концертира во најпознатите светски концертни сали како: „Концертгебау“ во Амстердам, салата на Берлинската филхармонија, Концертхаус во Виена, салата „Гаво“ во Париз, Квин Елизабет хол и Вигмор хол во Лондон и др. Настапите со оркестар ги вклучуваат: Дрезден Штатскапеле, Оркестарот „Филхармонија“, Англискиот камерен оркестар и Кралската филхармонија во Лондон, Јапонската филхармонија, Симофнискиот оркестар на Минхенското радио, Филхармонијата на Санкт Петербург, Симфонискиот оркестар на Токио,  Варшавската филхармонија и Виенскиот симфониски оркестар.

Ѓилсин Онај е Државен уметник во Турција каде повеќе години била официјален солист на Претседателскиот симфониски оркестар во Анкара.Нејзиниот репертоар го бележат повеќе од 20 снимени изданија.

 

OhridNews