Делегација составена од познати турски бизнисмени денеска го посети Охрид. Тие беа пречекани од страна на претставници од почесниот турски конзулат во Охрид, каде остварија средба и со струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко.

Како што беше истакнато на средбата, денешната посета на турските бизнисмени е само почеток на идната поинтензивна соработка помеѓу нив и градовите Охрид и Струга, во кои тие се заинтересирани да инвестираат во неколку области, пред се во туризмот и изградбата на хотели.

OhridNews