Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал 64 годишен турски државјанин.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

По насоки на јавен обвинител, посочуваат, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.

OhridNews