По тој повод попладнево во делови од градот привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на одредени локации.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид, полицијата ќе издава писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“ но и во стариот дел од градот, каде високата делегација од Турција, ќе посети дел од културно-историските знаменитости на градот. На овој потег но и на неколку други сообаќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообраќајните површини.
СВР Охрид апелира до граѓаните за време на посетата на турскиот премиер на Охрид да се воздржат од користење на возила.