Заменик премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, сниоќа беше во посета на Струга за време на неколку дневната посета во Македонија.

Заедно со струшкиот муфтија, Сали Сулејмани, и членови на турската заедница од Струга, тој ја посети Мустафа Челеби џамијата која се реновира со подршка од владината организација ТИКА.

Инаку, во 2012 година уривањето на заштитената џамија во Струга предизвика поделеност, но и револт помеѓу муслиманските верници во земјава, но и надвор од неа. Непосредно по тој чин беше разрешен тогашниот муфтија Ферад Полиси, а на негово место беше поставен Салим Сулејмани.

OhridNews

Фото: „Спектра ТВ“