Во пријателски натпревар што се одигра вечерва на Телеком арената во Скопје, фудбалските селекции на Македонија и Турција одиграа нерешено 0:0.
Поблиску до победата беше Македонија која пропушти неколку прилики да го совлада многу подобро рангираниот противник на ФИФА листата.
Мечот со Турција беше последна контрола на македонската репрезентација пред натпреварот од квалификациите за пласман на мундијалот во Русија против Шпанија, кој исто така ќе се игра во Скопје во недела.
OhridNews