Храм на северот на Сирија, стар 3.000 години е оштетен во текот на турското бомбардирање на Курдите, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, а еден археолог рекол дека оваа катастрофа е слична на оштетувањето на остатоците од древниот град Палмира. Археолошкиот локалитет Аин Дара од арамејската ера (1.300-700 година пред новата ера) се наоѓа во енклавата Африн која повеќе една од една недела е мета на турската воена офанзива.

Опсерваторијата навела дека во нападот во петокот се оштетени 60 отсто од локалитетот кој се простира на 50 хектари и е откриен во 1982 година. „Три илјади години стара цивилизација е уништена во еден напад“, рекол генералниот директор на Антиквитети и музеи на Сирија, Мамун Абделкарим.

Тој го споредил уништувањето на храмот со акцијата на џихадистите на Исламска држава кои во 2015 година го уништија тоа што остнало од древниот град Палмира.