Системот за видеопомош на судиите (т.н. ВАР-систем) ќе биде во функција на натпреварите на А репрезентацијата на Македонија против Финска и Азербејџан кои ќе ги одигра во турскиот град Белек.

Домашната фудбалска федерација го воведува ВАР-системот за натпреварите кои ги организираат во националното првенство, а меѓу првите тест дуели на кои ќе го користи системот на видео асистенти ќе бидат на македонската репрезентација, на 23. март на „Глорија“ арена против Финска и четири дена подоцна на „Мардан“ арена против Азербејџан.

ФИФА го официјализираше користењето на ВАР системот на Мундијалот во Русија, додека УЕФА го пролонгираше за уште една сезона.

OhridNews