„Охридскиот Рамковен Договор и Турците“ беше тема на трибината што во организација на НВО УФУК во соработка со здружението „Карабегово Маало“ Охрид и поддршка на Фондација Отворено Оштество Македонија се одржа викендов во Охрид. Модератор  на панел – дебатата беше поранешниот заменик министер за финансии Максуд Али, а говорници беа претседателот на ДНЕТ и пратеник Ердоган Сарач, претседателот на ПДТ Проф.Д-р. Аднан Ќахил, Проф.Д-р.Нано Ружин, Проф.Д-р.Мерсел Биљаљи, Ѓунер Исмаил и  М-р.Хари Локвенец.


Една од целите поради кои се организира панело дискусијата е постојаното занемарување и недостастаток од дијалог помеѓу Турците со институциите.-велат организаторите. Според учесниците на дебатата Охридскиот рамковен договор го изгубил духот и во неговото спроведување Турците се заборавени. Претседателот на ПДТ Аднан Ќахил потенцираше дека Охридскиот Рамковен Договор не го признава, бидејки за овој договор воопшто не се консултирале Турците, но истиот го почитува.

Според пратеникот Ердоган Сарач Охридскиот рамковен договор се спревудава само за Албанците, додека Хари Локвенец смета дека помалите етнички заедници не се интегрирани односно се уште се дискриминирани.

OhridNews