Претставници од неколку познати компании од Истанбул- Турција, вчера, имаа разговори во локалната самоуправа, а денеска посетија и неколку локации за кои покажаа интерес.
Турските компании се заинтересирани за локации за изградба на хотели, луксузни станбени објекти, катни гаражи и трговски центри. По презентацијата на можностите за инвестирање, гостите најавија дека наскоро повторно ќе дојдат во Охрид со конкретни проекти.