Се поголем е интересот на турските граѓани за туристички престој во Македонија. За ова доказ е посетеноста на македонскиот штанд на еден од најголемите и најпосетени саеми во Европа-ЕМИТТ во Истанбул. На саемот за туризам во Истанбул присутни се претставници од туристичката индустрија од повеќе од 80 држави и над 900 водечки брендови.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемот во Истанбул ја презентираше природата, културата и отоманските споменици на земјава, но не ги изостави и македонската традиција и туристички посети на градовите, кои беа видени од повеќе од 50.000 посетители на саемот. Делегација на Агенцијата оствари и бројни средби со претставници на познати тур-оператори и компании кои дејствуваат во областа на туризмот.

Македонскиот штанд го посетија турскиот Министер за култура и туризам, Наби Авци, како и генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи кои искажаа задоволство од учеството на Македонија на саемот и ги потенцираа нејзините природни убавини споделувајќи ги личните импресии.

OhridNews