Клуб Ребел

Од 20.05.2023 - 21:00 до 20.05.2023 - 22:30

Популарното кабаре шоу на извонредните професионални актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „Two Mothers Brothers“ во сабота ќе биде изведено во клубот Ребел.

Станува збор за неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери. Динамично дуо, појачано со музичката генијалност на маестро Никола Јосифоски на клавијатура и маестро Јане Тодороски на контрабас.

Комично музичко шоу кое користејќи го жанрот кабаре се исмева со се она што не опкружува во животот: политика, врски, вечната борба помеѓу мажи и жени..па дури и контрацепција во Брежани.

Шоуто е закажано во 21 часот, а истото не се препорачува на лица под 16 години!

Билетите може да се купат онлајн по цена од 300 ден на https://online-podium.com/…/two-mothers-brothers-comedy… или да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

OhridNews