Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со други надлежни институции ги интензивира теренските контроли на авто-такси превозниците низ целата држава – особено во туристичките региони каде активноста е зголемена.

Целта е како што посочуваат од УЈП да се обезбеди законско, даночно усогласено и фер работење, со посебен акцент на издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати.

Авто-такси превозниците се должни да користат мобилен фискален апарат со ГПРС, да издаваат фискална сметка за секоја услуга, да го евидентираат и уплатат дневниот промет најдоцна наредниот ден и да имаат јасно истакнато соопштение за задолжително барање фискална сметка, потенцираат.

Апелираат до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина.

Воедно, велат, граѓаните и корисниците на услугите доколку забележат неправилности може да пријават на бесплатната линија 198 или на е-пошта: [email protected]

Управата за јавни приходи ги разгледува добиените пријави и постапува согласно своите надлежности, додаваат.

OhridNews