Мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Посочуваат дека тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција, велат од УЈП.
Потенцираат дека тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки.
OhridNews