Кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ продолжува. По средбите со туристичкиот сектор во Охрид и Дојран, Управата за јавни приходи (УЈП) денеска беше во Струга, каде со туристичките работници разговараше за даночните обврски кои произлегуваат од работењето во туристичката сезона: пријавување на доходот од издавање апартмани, соби, куќи и вили; правилно ангажирање на сезонски и повремени работници; како и пријавување на доходот од дејности од времен карактер.

Целта на средбите е навремено информирање, разјаснување на дилемите и обезбедување практична поддршка за полесно исполнување на законските обврски, велат од УЈП.

OhridNews












