Селекторот на македонската репрезентација до 21год. Бобан Бабунски денеска го соопшти списокот на играчи за контролните средби со Словенија и Ц. Гора што ќе се одиграат на 25. и 29. Март во Скопје и Подгорица.


-Повикани се играчи кои беа постојани во претходниот циклус , на последните натпревари откако ја формиравме новата генерација. Практично се искристализирани 15-16 играчи кои ќе треба да го понесат теретот на следните квалификациски дуели. Нормално од нив ќе зависи дали ќе го задржат местото . Од тие причини ќе повикаме и некои нови кои ќе ја засилат конкуренцијата во тимот. Сега се на ред средбите со Словенија и Црна Гора. Имаме два термини во Јуни, еден во Август и два во Септември . Значи планираме вкупно до стартот на квалификациите да ги одиграме сите 7 средби што ќе ни ја дадат јасната слика за потенцијалот на оваа генерација фудбалери и да го составиме најдобриот состав.

Тоа беше и причинината зошто баравме подоцна да започнеме со квалификации и првите средби да ги играме дома, бидејќи пред нашата публика играме многу подобро и да обезбедиме што подобро стартно бодовно салдо.

ГОЛМАНИ

1 Гачевски Филип 17/08/1990 ФК Капфенберг Австрија,
2 Стојановиќ Деан 19/07/1993 Ф.К.Лустенау Австрија

ОДБРАНА

3 Ристевски Кирче 22/10/1990 Ф.К.Билис Балш Албанија,
4 Брдаревски Владица 07/02/1990 Ф.К. Брно Чешка,
5 Мициновикј Јасмин 22/10/1990 ФК Шериф Молдавија,
6 Силјановски Горан 01/07/1990 Ф.К.Тетекс Македонија
7 Богдановиќ Горан 09/06/1990 Ф.К.Металург Македонија
8 Урдинов Јани 28/03/1991 Ф.К.Рода Холандија
9 Петров Томица 16/07/1990 Ф.К Х.Турново Македонија
10 Мустафи Агрон 20/02/1990 Ф.К Тун Швајцарија

СРЕДЕН РЕД

11 Асановски Муамет 14/071991 Ф.К Академиск Данска,
12 Танушев Ѓорѓи 07/01/1991 Ф.К.Севојно Србија
13 Станков Антонио 19/02/1991 Ф.К.Рода Холандија
14 Спировски Стефан 23/08/1990 Ф.К.Борац -Чачак Србија
15 Ристевски Стефан 12/02/1992 Ф.К.Парма Италија
16 Стојанов Далибор 12/02/1990 Ф.К Цирих Швајцарија

НАПАЃАЧИ
17 Несторовски Илија 12/03/1990 Ф.К.Словачко Чешка.Р
18 Алтипармаковски Маријан 18/07/1991 Ф.К.Ксанти Грција
19 Трајковски Александар 05/09/1992 Ф.К Интер Запрешич Хрватска
20 Хасани Феран 18/06/1990 Ф.К.Шкендија Македонија
21 Фазли Самир 22/04/1991 Ф.К Херенвеен Холандија

Ohridnews