Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо воведе нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, откако нареди кафулињата, рестораните и спортските сали низ целата земја да бидат затворени во 22 часот, објави Си-Ен-Би-Си њуз.

Новите мерки ќе стапат на сила во петок, а ќе бидат воведени следниот ден откако Калифорнија и некои други земји во Соединетите Американски Држави ги заострија ограничувачките мерки.

Ова е нашата последна шанса да го запреме вториот бран, порача градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио на Твитер.

Тој наведе дека просечната стапка на позитивни тестови за една недела е 2,5 проценти.

Државните училишта ќе бидат затворени и ќе се ремине на онлајн настава доколку стапката надмине три проценти.

САД продолжуваат да поставуваат негативни рекорди во пандемијата на коронавирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 142.279 нови случаи на Ковид 19, најмногу во еден ден од нејзиниот почеток.

Медиумите наведуваат дека осми ден по ред САД пријавуваат по повеќе од 100.000 нови инфекции дневно.

Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така, расте од ден на ден и синоќа веќе имало 64.939, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа во САД од Ковид-19 умреле 1.464 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во САД се заразени вкупно 10,4 милиони лица од коронавирус и речиси 242.000 од нив умреле.

OhridNews
Фото: Википедија