Според најновите анкети, кандидатот на демократите на претседателските избори во Америка, Џо Бајден, води во четирите најважни „колебливи“ држави на денот на изборите.

Њујорк Тајмс објави дека Бајден, поранешен потпретседател, е пред Трамп на „бојните полиња“ во Висконсин и Пенсилванија, како и на Флорида и Аризона, според анкетата спроведена од тој весник во соработка со колеџот Сиена.

Неговото водство е најизразено во Висконсин, каде тој има апсолутно мнозинство гласови и води со 52 напроти 41 процент, пренесува „Миа“.

На денешните избори, победникот е, може да се каже, однапред познат во 37 од 50 федерални држави во кои гласачкото тело има цврста поддршка за Доналд Трамп или Бајден. На изборната ноќ, фокусот ќе биде на преостанатите 13 во кои и двајцата кандидати можат да победат, па затоа се нарекуваат „колебливи држави“ (swing states). Toа се Тексас, Флорида, Пенсилванија, Охајо, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина, Аризона, Висконсин, Минесота, Невада, Ајова и Њу Хемпшир.

Во најмалку четири американски држави соборена излезноста од 2016 година

На Хаваите, каде граѓаните по првпат гласаа преку е-пошта, својот глас веќе го дадоа 484.000 гласачи, што е повеќе отколку во 2016 година, кога имаше 429.000.

Од друга страна, во Тексас, 8,7 милиони луѓе излегоа на гласачките места, искористувајќи ја можноста за предвремено гласање, што одговара на вкупниот број на граѓани кои гласаа на претходните избори во таа сојузна држава.

Од утрово, најмалку четири држави – Тексас, Хаваи, Вашингтон и Монтана – веќе ја надминаа излезноста од 2016 година.

ФБИ истражува автоматизирани пораки кои им порачуваат на луѓето дека не мора да гласаат

Вашингтон, 3 ноември 2020 (МИА) – Федералното истражно биро (ФБИ) на САД истражува серија мистериозни автоматизирани повици и пораки со кои се повикуваат луѓето да останат дома на денот на изборите. Тоа го изјави претставник на Министерството за внатрешна безбедност. Се уште нема коментар од ФБИ.

Таквите пораки според претставник на Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура се тактика на „заплашување на гласачите“ и „обесхрабрување на гласачи“.

Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, изјави дека државните служби „брзо ќе работат на отстранување на дезинформации“, а фокусот на ФБИ на ова прашање сигнализира дека федералните власти исто така сериозно го сфаќаат тие акции.

Според Вашингтон пост најмалку 10 милиони галсачи добиле такви пораки или повици, кои порачуваат „бидете безбедни, останете дома“.

OhridNews