Македонската фудбалска репрезентација под 17 години претрпе пораз од 1-0 во втората контрола средба против репрезентацијата на Црна Гора, одиграна во Струга. Стрелец на единствениот гол беше Вујовиќ во 30 минута од мечот. Во првиот меч Македонија беше подобра победувајќи со 2-1.

Наредните тест средби оваа селекција ќе ги има против репрезентација на Албанија и тоа на 4 и 6 септември во Охрид, односно Поградец.

М.П.