Македонската репрезентација за фудбалери под 19 години со победа ги започна натпреварите од предквалификацискиот турнир за ЕП, што се игра во Сараево, Бих.


Избраниците на Драган Бочески ја совладаа Чешка со 1-0 благодарение на погодокот на Симоновски во 50. минута од мечот.

Во остнатиот натпревар во нашата група Белорусија со 2-1 го совлада домаќинот БиХ. Во наредната рунда Макеоднија ќе игра против Белорусија , додека БиХ ја пречекува Чешка.


М.П.