Селекцијата на Македонија до 19г. наредната година од 10-13 Јануари ќе одигра две пријателски средби со соодветната селекција на Грција.


Натпреварите се играат во рамките на подготовките за претстојниот квалификациски циклус од елитната рунда за ЕП 2011 во Романија. Избраниците на Драган Бочески се најдоа во супер тешка група заедно со репрезентациите на Германија, Турција и Унгарија. Само најдобропласираниот тим на квалификациите кои ќе се играат во Турција кон крајот на мај ќе оди во Романија.


Во минатиот циклус репрезентацијата до 21 година одигра два меча со соодветната селекција на Грција и двата ги загуби , во Грција со 3-1, додека во Струмица претпревме пораз од 2-1.

Ohridnews