Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со триумф над фаворизираната Швајцрија (2-1) ги започнаа квалификациите за пласман во елитната фаза.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во второто полувреме го покажаа целото своето знаење и успеаја да ја анулираат и преземат предноста.

Швајцарците преку Стојановиќ погодија за водство 1-0, додека стрелци на головите за „црвено жолтите“ беа Трајановски и Атанасов кои погодија во период од пет минути.

Втор ривал на Македонија во групата која се игра во Скопје е селекцијата на Белгија. „Црвените ѓаволи“ во првото коло го совладаа Лихтештајн со 3-0. 

Фото: Екипа.мк
OhridNews