Македонските фудбалски репрезентативци до 19 години со победа над Англија (2-0) ги завршија квалификациите кои се одржуваа изминатава недела во нашиот главен град.

„Црвено жолтите“ и покрај немањето на никаква шанса за пласман на Европското првенство смогнаа сили и одиграа маестрален натпревар против „гордиот албион“. Првиот погодок избраниците на Вујадин Станојковќ го постигнаа преку Јани Атанасов, кој на стартот од натпреварот со ножички ја затресе мрежата на англичаните. Конечните 2-0 ги постави Митровски со погодок во судиското продолжение.

Македонија елитната квалификациска група ја заврши на последната позиција, а пласман на ЕП обезбеди само Англија.

Фото: Гол.мк
OhridNews