Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со пораз од Летонија (2-1) ги започна квалификациите за Европското првенство кои се одржуваат во Скопје.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ имаа контрола над играта, имаа и повеќе прилики, но репрезентативците на Летонија стигнаа до победата благодарание на ефикасната игра.

Триумфот гостите од Летонија го најавија со водечкиот гол во финишот од првиот дел. Водството го дуплираа после еден час игра, а нашите фудбалски надежи почесен погодок постигнаа во последните мигови од мечот.

Во првата рунда од квалификациите забележа и Англија која со 4-1 славеше над Унгарија. Во втората рунда Македонија ќе ги одмери силите со Унгарија, додека „гордиот албион“ ќе се сретне со Летонија. 

OhridNews