Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери до 19 години претпре пораз од соодветната репрезентација на Словенија со 2-0. 
Словенците за само 3 минути во финишот го казнија падот на концентрацијата во нашиот тим и со головите на Штулац и Зајц во 85-тата и 87-та минута дојдоа до триумф.
Македонија на оваа средба настапи во состав: Илиев, Мурати, Муслиу, Бејтулаи, Џинов, Коцев, Адили, Николов, Митревски, Каланоски, Гоцевски.
Селекторот Менсур Јакупи во вториот дел им даде шанса на сите играчи од резервната клупа.
Ohridnews