Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 19 години, ремизираше 1-1 со домаќинот БиХ и како второ пласирана селекција обезбеди пласман во квалификациите за ЕП.


Домаќините поведоа во осмата минута преку Шеферовиќ, додека на истекот на првиот дел одбранбениот фудбалер на Бих, Хусеинспахиќ ја затресе сопствената мрежа.


Избраниците на Драган Бочески второто место го освоија благодарение на победата на Чешка во првата рунда од турнирот.  Во останатиот натпревар Чешка ја победи Белорусија со 3-0.

Табела : Белорусија 6 бода, Македонија 4, Чешка 4, БиХ 2.


По комплеитрањето на сите 13 групи, најдобрите две репрезентации како и двете најдобри трети репрезентации ќе се најдат во квалификациските групи. 28 – те репрезентации ќе бидат поделени во 7 групи по 4 тима, само првопласираните селекции ќе обезбедат пласман на ЕП 2011 година во Романија.

Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 30 октомври во Нион.

М.П.