Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ќе биде носител во ждрепката за елитните квалификации кои ќе се играат за учество на Европското првенство во Финска.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ во квалификациската група која се играше во Скопје забележаа три победи на исто толку мечеви и завршија на првата позиција.
Ваквиот скор им донесе епитет на носител во квалификациите, односно избегнување на квалитетните селекции од добивање на релативно полесни противници на ждрепката која ќе се одржи на 6 декември.
За успехот на У19 репрезентацијата селекторот на Вујадин Станојковиќ беше награден со специјално признание за успехот од своите колеги во Фудбалската федерација на Македонија.
OhridNews