Македонската репрезентација до 21 година забележа минимална победа (1-0) над своите врсници од Бугарија во контролниот натпревар кој го одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.


Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа целосна контрола врз играта во првиот дел, а надмоќната игра во која имаа неколку добри обиди да го совладаат Крастев, со гол ја крунисаа во 43-та минута кога Марјан Радески ја погоди целта.


Во второто полувреме двајцата селектори им дадоа шанса и на останатите фудбалери, но и во таква ситуација македонските фудбалери беа подобри, а во 86.минута можеа да постигнат уште еден гол, но Петковски не успеа да реализира пенал.


За репрезентацијата до 21 година ова веројатно беше последен тест натпревар пред Европското првенство кое се игра во Полска. Македонија на големиот европски собир е во група со Србија, Португалија и Шпанија.

OhridNews