Македонската cелекцијата за фудбалери под 21 година ја совлада соодветната репрезентација на Мали со 3-1. Избраниците на Бобан Бабунски пред само петстотини гледачи прашањето околу победникот го симнаа од дневен ред уште по првиот дел кога поведоа со 2-0 благодарение на погодоците на Марјан Алтипармаковски.  Стрелец на третиот гол беше Хасани во 55 минута. Почесниот гол за гостите беше дело на Сидибе од пенал во финишот на мечот.


момент од подготовките во Охрид

По ремито со Албанија 0-0, ова беше првата победа на “новиот“ У21 состав на Македонија.

М.П.