Новата генерација фудбалери на Македонија до 21 година ја победи Црна Гора со 2-0 на контролниот натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.


Избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаа контролата во текот на целата пресметка, имаа подобри шанси, ги искористија најдобрите и заслужено запишаа победа.

„Црвено жолтите“ после половина час игра го отворија резултатот со голот на Елиф Елмаз по додавањето од Доријан Бабунски. Македонија триумфот го завери со голот од пенал на Костадин Чешмеџиев во 75-та минута од натпреварот.


Репрезентативците до 21 година во вторник ќе одиграат нов контролен натпревар, а противник ќе им биде селекцијата на Полска.

OhridNews