Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година во Италија, откако изгуби од Србија на домашен терен 2-0.
Гостинските фудбалери целиот плен од Скопје го обезбедија со двата голови во првото полувреме. За почетно водство погоди Саша Лукиќ, а за конечна победа Андрија Живковиќ.
Поразот од Србија ја прекина низата на „црвено жолтите“ без пораз од десет натпревари во квалификацискиот циклус.
OhridNews