Србија и Данска се фаворитите во групата 4 во која се најде репрезентацијата на Македонија до 21г. за место на Европското Првенство 2013 година што ќе се игра во Изреал.

Македонија која беше во 4 шешир, се најде во 4 . група заедно со селекциите на Србија, Данска, С.Ирска и Ф. Острови.

Веднаш по извлекувањето на квалификациските групи за ЕП делегациите на репрезентациите од 4. Група во која е и Македонија ги договорија термините за одигрувањето на средбите. Еве во кои термини ќе играме ние:

07.10.2011 Македонија-Србија
11.11.2011 Македонија-Ф.Острови
15.11.2011 Македонија-Данска
29.02.2012 Македонија-С.Ирска.
01.06.2012 Ф.Острови-Македонија
05.06.2012 Данска-Македонија
07.09 2012 С.Ирска- Македонија
10.09 2012 Србија-Македонија

Овај ќе биде 9. Квалификациски циклус на Македонија за еврошампионатите до 21г. Од 10. извлечени групи првопласираните селекции заедно со 4 најдобро второпласирани ќе играат бараж за 7 места кои водат на ЕП 2013 во Израел кој ќе биде 8. Член.

Ohridnews