Во пријателски натпревар попладнево во Куманово селекциите на Македонија У21 и Италија У20 одиграа квалитетен меч кој заврши без победник 2:2.

Македонија прва го отвори резултатот со голот на Фазли во 16 минута.Нашата репрезентација беше подобар противник  во првиот дел, но во вториот по неколкуте замени италијаните ја превзедоа иницијативата и со погодоците на Де Лука и Берета ги казнија нашите грешки во одбраната за водство од  2:1.

Во судиското надополнување Стефан Ристовски беше фаулиран пред италијанскиот гол а Јани Урдинов биеше прецизно од белата точка за конечни 2:2.

OHridnews