Македонските фудбалски репрезентативци до 21 година се наоѓаа во последниот шешир во пресрет на ждребката за групите на Европското првенство во Полска 2017 година.
Ждребката за изгледот на групите закажана е на 1 декември во 18 часот во еден од градовите домаќин Краков. Иначе, континенталниот собир на надежните фудбалски ѕвезди ќе се одигра во шест градови вклучувајќи го и Краков.
12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи. Победниците од трите групи и најдобро второпласирана селекција обезбедуваат пласман понатаму односно во полуфиналето.
Во првиот шешир се наоѓаат Полска, Германија и Португалија. Поради домаќинството автоматски селекцијата на Полска оди во А групата.
Во вториот круг по ранг се Англија, Шпанија и Данска додека третиот го сочинуваат Италија, Шведска, Македонија, Србија, Чешка и Словачка.
OhridNews