Градскиот стадион “Билјанини Извори” е домаќин на подготвителните тренинзи на младинските фудбалски селекции на Македонија и Италија (до 21 година) пред претстојниот квалификациски натпревар кој ќе се игра во Битола.
Одлуката на ФФМ претставува големо признание за условите што ги нудиме и за нашата посветеност во создавање на спортска инфраструктура по европски стандарди, велат од ЈП ” Билјанини извори”.
Овие подготовки ќе придонесат за уште подобра соработка помеѓу јавното претпријатие и ФФМ, а на младите фудбалери од двете репрезентации ќе им овозможат врвни услови за подготовка, велат од јавното претпријатие.
OhridNews