Репрезентацијата на Македонија до 21г. денес ќе ги добие своите противници во квалификациите за ЕП 2011-2013г. Извлекувањето е во седиштето на УЕФА , во Нион со присуство на селекторот Бобан Бабунски и раководителот на Младинскиот оддел при ФФМ- Славче Војнески .


Нашата репрезентација се наѓа во 4. Шешир, заедно со селекциите на Полска , Црна Гора, Грузија , Летонија, Норвешка, Словенија, Р. Ирска , Бугарија и БиХ. Во првата група, носители се Англија, Шпанија, Холандија, Италија, Шведска, Чешка, Русија, Србија, Германија и Романија. Ќе бидат формирани 10 групи од кои две со по 6 селекции и 8 со по 5 селекции.


Десетте првопласирани репрезентации од секоја група заедно со 4-те најдобри второпласирани селекции ќе играат плеј-оф натпревари за 7 места кои водат на следното ЕП.


– Немам некоја посебна желба што се однесува до можните противници. Во претходните циклус игравме со силни селекции како Англија, Португалија и покажавме одлични игри но остваривме скромно бодовно салдо. Тоа е потврда дека можеме да играме солидно против сите противници и затоа најважно е да се концентрираме на нашата игра и максимално искористување на потенцијалот на фудбалерите. Верувам дека во следниот циклус резултатите ќе бидат многу подобри бидејќи се работи за генерација фудбалери кои веќе 1,5 година се подготвуваат за следниот циклус- изјави денеска пред заминувањето селекторот Бобан Бабунски.

Ohridnews