Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го претрпе четвртиот пораз во квалификациите за ЕП, откако изгуби 4-3 на домашен терен од Русија.

Русите до трите бодови стигнаа со погодок во судиското продолжение. Претходно, „црвено жолтите“ два пати се враќаа од негатива (0-2, 2-3) и вистинска штета што не успеаја да издржат во последните мигови од натпреварот.

Селекцијата на Русија со трите бодови дојде до 13-от и се наоѓа на втората позиција на табелата, додека Македонија останува на последното место со една победа.

Фото: Гол.мк
OhridNews