Не
помина ни една недела откако се завршени новите парковски површини во
градскиот парк пред хотел “Ривиера”, а веќе дел од садниците се
украдени, информираат од јавното комунално претријатие.

– Украдено е сезонско цвеќе од видот петунија, трендафили и
други украсни дрвца. Исто така искршена е јапонска цреша која е
засадена пред х.”Ројал”. До кога деструктивното однесување на поединци
ќе го огрдува и уништува она убавото што треба да остави трајни
вредности за идните поколенија?-прашуваат од Комуналец.

Настанот предизвика револт кај охриѓани кои со неверување гледаа во уништениот парк.

OhridNews