Белгиската полиција лиши две лица од слобода поради сомнителни околности во трансферот на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ од белгискиот клуб Андерлехт во англискиот премиерлигаш Њукасл.

Едно од лицата е агентот Кристоф Енроте додека другиот посредувал и помогнал околу финансискиот дел. Полицијата, смета, дека трансферот не изнесувал колку што е прикажано во финансискиот извештај. Српскиот голгетер во Њукасл се пресели за 18.5 милиони евра.

  • Се работи за сомнителен трансфер во кои се пријавени не вистинити суми на финансии.  На случајот ќе му посветиме многу внимание, бидејќи чести се ваквите злоупотребувања во спортот. – стои во сооптешнието од полицијата.

Кристоф Енроте е агент на белгиските репрезентативци Тибо Куртоа, Јаник Караско и Кевин Миралас а најверојатно и нивните трансфери ќе бидат „исчешлани“.

Случајот „трансферот на Митровиќ“ не е поврзан со „фудбалгејт“ кој беше отворен во Белгија минатата година во октомври месец кога беа уапсени 20-тина лица.

OhridNews