Италијанската полиција денеска уапси 17 лица, меѓу кои се наоѓа и поранешниот капитен на Аталанта од Бергамо, Кристијан Дони. Причина за полициската акција е вмешаност во корупција, односно местење на натпревари.

Операцијата „Последен облог“ е спроведена во неколку италијански градови – Кремона, Бреша и Болоња. Уапсените биле поврзани со криминални групи во Сингапур и Источна Европа, соопшти италијанската полиција.

Поранешниот капитен на Аталанта, Дони, е осомничен дека учествувал во местење на најмалку три натпревара на неговиот тим, во минатата сезона, кога Аталанта играше во Серија Б.Покрај Дони, уапсен е и поранешниот фудбалер Луиџи Сартор (Парма, Виченца, Интер и Рома) и Алесандро Замперини.

“Макфакс“
Ohridnews