Еден од најпознатите источноевропски мафијаши, осомничен за трговија со оружје, дрога и уран, како и за неколку убиства, уапсен е во Москва, јавуваат светските агенции.

Семијон Могилевич наводно бил на чело на моќниот криминален ланец во Источна Европа од почетокот на деведесетите години. Тој се наоѓал на листата на најбарани од страна на ФБИ, Интерпол и на Британската полиција. Тој се товари и за рекетирање, измами и перење пари.

Шеесет и едно годишниот Магилевич бил уапсен заедно со неколку негови телохранители во супермаркет во Москва уште во средата, но информацијата за апсењето е потврдена  вчера.

Сергеј Шнајдер или Семијон Могилевич имал уште неколку имиња и пасоши. Тој се барал со меѓународна потерница веќе 15 години. Според информациите од неговите најблиски соработници, украинецот Могилевич бил најмоќен мафијаш на светот.

ohridnews