Членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески, е повикан на информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода, по што е приведен и ќе биде одведен пред Јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување мерка притвор, соопштија од Левица.
Неофицијално, како што појаснија на прес-конференција пред Кривичниот суд во Скопје, уште за уште четворица нивни членови на највисоките раководни партиски органи има стигнато покани за информативни разговори, на кои им препорачаа да не се одзиваат, затоа што постоело опасност да бидат уапсени.
Настаните за кои тие се товарат се поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и ткн Шарена револуција, кои почнаа по аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, иако и тоа според нивни информации е неофицијално.
„За нас, ова е очајнички обид на криминалната власт да се пресмета со нашата Партија. Ова е отворен политички прогон“, рекоа од Левица, како што најавил и претседателот Иванов, а и некои учесници во протестите на ГДОМ, дека ќе се бара укинување на политички партии и граѓански здруженија.
Повикаа до министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, да извршат евиденција на овие кривични пријави, но да не ги процесуираат.
„До Јавното обвинителство пораката е да не бара притвор за овие лица, а до конкретниот судија каде што ќе се падне овој предмет, по ниту еден услов да не определува мерка притвор, туку да остави правдата да тече онака како што е предвидено без никакви суптилни протисоци“, рече Димитар Абасиев од Левица.
И Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, побара да се ослободи активистот Здравко Савески.
„Обидите преку заплашување со најава за притвор на учесници во протестите, дополнително ќе ги заострат состојбите и тие можат да ескалираат со посериозни нарушувања на јавниот ред. ДС повикува судовите да не прифаќаат никакви политички притисоци и да одлучуваат согласно законите. ДС бара ослободување на Здравко Савевски“, се вели во партиското соопштение.
OhridNews
Извор: „Макфакс“