Регионот доби нов, ултра модерен центар за убавина. Изминатиот викенд со работа започна Beauty center “PERFECTA”, кој се наоѓа на улицата „Партизанска“ во Струга, позади ресторанот „Перла“.

Beauty center “PERFECTA” располага со најсовремена опрема и препарати за разубавување. На клиентите им нуди третмани на лице со “Colin” козметика, депилација на цело тело, маникир, педикир, третмани за отстранување на целулит, релакс и медицинска масажа, како и масажа со вулкански камења.

-На клиентите им нудиме нешто поразлично, но пред се врвна професионална услуга и квалитетни третмани. – велат од Beauty center “PERFECTA”.

На свеченото отварање na Beauty center “PERFECTA” присуствуваа голем број гости, пријатели,колеги и познати лица од јавниот живот и бизнисот од Струга и Охрид.

Фото галерија:


Во Струга отворен новиот салон за убавина – Beauty center “PERFECTA”

OhridNews