Под наслов ” Светлост во темнината” , од 20- ти до 30- ти март, во Македонскиот културен центар во Њујорк, ќе се одржи изложбата на фотографии од Зоран Велјаноски Летра.

Изложбата ќе биде посветена на вонвременската убавина на вечниот Охрид, градот на европската и светската културна цивилизација. Фотографиите ќе бидат изработени во ретко употребувана техника од страна на фотографите, а во препознатливиот стил на на импресионизмот, ренесансата и звукот на поезијата што преовладува на секоја фотографија.


Една фотографија една песна, секој ќе ја доживее поразлично, ќе преовладува меланхолија, но во исто време и оптимизам за нешто подобро, за нешто повозвишено. Крајната поента е дека- се било и ќе биде, само нас еден ден ќе не нема, објаснува Летра за фотографиите кои ќе бидат дел од изложбата.

OhridNews